Останато

Викендов стартува плеј-оф и плеј-аут фазите во машката одбојкарска лига

Сподели
Сподели

Викендов стартува и втората полусезона во машката одбојкарска лига со натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата.

Шесте најдобро пласирани екипи по завршувањето на првиот дел од сезоната, односно лигашката фаза – Штип УГД, Струмица 47&72, ГОК Борец, Работнички 71&22, Универзитет во Тетово и Сушево – според пропозициите продолжуваат во плеј-оф разигрувањето, при што ги пренесуваат бодовите од првиот дел. Тие ќе играат двокружно, по системот „секој со секого“, а по завршувањето на оваа фаза, четирите најдобро пласирани екипи ќе обезбедат пласман во полуфиналето и ќе се борат за шампионската титула.

Во првото коло од плеј-офот, в сабота, лидерот на табелата Штип УГД го пречекува тимот на Сушево, додека најинтересниот дуел ќе се одигра во Скопје, каде Работнички 71&22 ќе се соочи со ГОК Борец. Натпреварот меѓу Струмица 47&72 и Универзитет во Тетово е одложен.

Екипите кои го завршија првиот дел од сезоната во долниот дел од табелата – Лирија, Шкендија, Македонија Џио, Весна Пробиштип, Јанта Волеј и Скопје – ќе настапуваат во плеј-аут фазата, каде ќе разигруваат за конечен пласман. И овие тимови ги пренесуваат бодовите од првиот дел и ќе играат двокружно, дома и на гости, по што ќе биде познат нивниот конечен распоред во првенството.

Сите натпревари од првото коло во плеј-аут фазата се закажани за во сабота. Лирија на домашен терен ќе игра против Јанта Волеј, Шкендија ќе го пречека Скопје, додека Македонија Џио ќе се соочи со Весна Пробиштип.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!