Втора лигаПрва лигаФудбал

НЕВЕРОЈАТНО: Работнички со ОСУМ гола убедливо го доби лидерот во ВМФЛ Охрид

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Прволигашот Работнички со убедливи 8:2 го доби второлигашот Охрид на тестот кој денес се одигра во Скопје, сепак мора да се нагласи дека се работи за пријателски натпревари и тренерите имаат можност за ротација, комбинации, а притоа им се дава шанса на сите фудбалери, па резултатот оди во втор план, но мора да се внимава и на тоа.

За Работнички двојни стрелци беа Елези и Дестани, а по еден гол постигнаа Хоџа, Демири, Манојлов и Мухарем.

Иако ова е контролен натпревар, сепак се потврдува разликите помеѓу прволигашите и второлигаши, а класичен пример е токму овој меч, каде Работнички како претпоследен во Прва лига со само седум бодови и катастрофална есен успеа убедливо да го добие есенскиот шампион на Втората лига, односно Охрид.

Затоа и битката на второлигашите ќе биде директен влез во Прва лига односно освојување на првото место, со цел да се избегне втората и третата позиција кои водат кон баражот за елитата, а кои второлигашите ги играат со деветтиот односно осмиот на табелата во Прва лига. Интензитетот на натпреварите и квалитетот е доста различен.

Работнички го очекува тешка битка за опстанок во Прва лига, а пак Охрид има за цел да го сочува првото место и да обезбеди директен влез во Прва лига.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!