Прва лигаФудбал

Работнички ја засили одбраната со проверено име – Белица повторно во Дебар Маало

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Фудбалскиот клуб Работнички го официјализира враќањето на искусниот стопер Егзон Белица, кој повторно ќе го носи дресот на „романтичарите“ во вториот дел од сезоната. 35-годишниот дефанзивец доаѓа како значајно засилување во клучен момент, во обид клубот да избори опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

По кратката епизода во Шкендија, со која се раздели во зимскиот преоден рок, Белица одлучи да се врати во средината која добро ја познава. Тој веќе има зад себе успешен период во Работнички, каде во минатото беше и капитен и еден од лидерите на тимот, а деновиве го одработи и првиот тренинг под водство на Муарем Муарем.

Белица зад себе има богата интернационална кариера со настапи во Косово, Албанија, Финска, Летонија и Романија, а на домашната сцена, покрај Работнички, настапувал и за Шкендија и ГФК Охрид. Неговото искуство и стабилност во последната линија треба да бидат еден од клучните адути на Работнички во продолжението од сезоната.

Клубот од Дебар Маало по првиот дел од шампионатот се наоѓа во долниот дел од табелата и го очекува тешка битка за бодови, а враќањето на Белица се смета за јасен сигнал дека Работнички сериозно влегува во борбата за опстанок.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!