Екипата на Кожуф од Гевгелија продолжува да се засилува за пролетниот дел од сезоната, а последно име кое пристигнува во овој второлигаш е Александар Богданоски.
20-годишен фудбалер кој игра како централен напаѓач, а може да игра и како десно и лево крило, па ќе биде опција на Иван Варадиновски во нападот.
Последно настапуваше за Скопје, од каде се сели во Кожуф, а Богданоски е всушност повратник во тимот од Гевгелија, бидејќи и во минатото настапуваше за овој тим. Има настапувано и за Беласица, беше дел и од младинските категории на Работнички и Шкупи.
Богданоски е младински репрезентативец на Македонија кои има настапувано за младинските репрезентации на Македонија.
Според информации од Спортска Мрежа не е исклучена можност Кожуф во следните денови да претстави уште две до три засилувања.