Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, досегашниот голман на Кожуф, Борче Картов го засилува Охрид.
Според нашите информации Охрид и Картов веќе постигнале договор и тој од Гевгелија се сели во градот покрај Охридското Езеро, а овој трансфер кој ексклузивно го најавува Спортска Мрежа, „рибарите“ ќе го потврдат во следните денови.
Со веќе стандардниот голман Дамјан Серафимов и пристигањето на Борче Картов, Охрид значително се засилува на голманската позиција и го подига квалитетот.
Претходно, Картов беше дел од Беласица, Дојранско Езеро, Љубанци и скопски Вардар. Охрид, претходно се засили со Благоја Спиркоски и Давор Серафимов, кои Охрид веќе ги промовираше.