Прва лигаФудбал

Тиквеш мисли на иднината: Благој Стојчев потпиша прв професионален договор

Сподели
ФОТО: ФК Тиквеш
Сподели

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци продолжува со јасна стратегија за развој на сопствен кадар и вложување во младите фудбалери. Во таа насока, младиот БлагојчСтојчев го потпиша својот прв професионален договор со клубот, со важност од една и пол година.

Од редовите на Тиквеш истакнуваат дека договорот е резултат на напорната работа на Стојчев во младинските категории, како и на довербата што клубот ја има во неговиот потенцијал. Со континуирана и систематска работа со младите селекции, кавадаречкиот клуб поставува темели за стабилна иднина и создавање на сопствен фудбалски кадар. Во наредниот период се најавува потпишување професионални договори и со други млади фудбалери од школата на Тиквеш.

Во однос на сениорскиот тим, Тиквеш ја заврши есенската полусезона на осмото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига со 18 освоени бодови, позиција која води во бараж-зоната за опстанок. Пролетниот дел од шампионатот тимот ќе го отвори со дуел против Шкупи.


Подготовките за продолжението на сезоната Тиквеш ќе ги одработи во Белек, Турција, каде што стручниот штаб ќе работи на подигање на формата и стабилизирање на екипата во борбата за опстанок во елитата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!