ИнтернационалциФудбал

ФК Приштина се засили со дефанзивецот Стефан Наумчески

Сподели
ФОТО: FC Prishtina
Сподели

Дефанзивецот Стефан Наумчески е третото засилување на ФК Приштина во текот на јануарскиот преоден рок. 25-годишниот фудбалер пристигнува од редовите на Брера Струмица.

Во есенскиот дел од тековната сезона, Наумчески настапи на 15 натпревари, при што постигна 3 погодоци и запиша 1 асистенција. Во својата досегашна кариера, тој има настапувано и за Вардар, со кој ја освои шампионската титула, како и за екипите на Тиквеш, Металург и Победа.

Наумчески има и богато репрезентативно искуство, настапувајќи за младинските селекции на  Македонија до У18, У19,У20 и У21 година.

По потпишувањето на договорот, дефанзивецот ги сподели своите импресии:

„Прво на сите, многу сум среќен и горд што потпишав за ФК Приштина. Клубот има голема традиција и сериозни амбиции и штом слушнав за нивниот интерес, веднаш сфатив дека тоа е вистинскиот чекор за мене. Јасната визија, амбициите за иднината и филозофијата на клубот беа клучни фактори кои ме убедија да потпишам.

Ќе дадам сè од себе на секој тренинг и на секој натпревар за да му помогнам на тимот и заедно да постигнеме добри резултати. Верувам во себе и во оваа екипа и сметам дека можеме многу да направиме.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!