Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Шкендија е најдобриот тим во Македонија, борбата за титулата е приоритет!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот во тетовскиот клуб и јасно ги истакна причините поради кои се одлучи да ја прифати понудата на актуелниот македонски шампион. Габонскиот офанзивец пристигна како слободен играч по разделбата со Брера Струмица, иако, како што самиот вели, интерес имало и од други клубови.

„Секогаш е задоволство да се биде дел од голем тим, со големи играчи, со големи цели. Затоа, среќен сум што сум тука и ќе се обидам да дадам се од себе за да му помогнам на тимот. Единственото нешто што треба да го знам е дека Шкендија е најдобриот тим во Македонија. Тука ќе можам да растам како играч. Шкендија е најдобра, бројките го покажуваат тоа“, истакна Нзенгуе за клупската страница..

Тој дополнува дека изборот не бил комплициран, бидејќи сака да игра на највисоко можно ниво и со квалитетни соиграчи.

„Сакам да играм со најдобрите и во најдобриот тим. Значи да, затоа сум тука“, додава новото засилување на „црвено-црните“.

Од Шкендија потврдија дека Нзенгуе потпиша договор до летото 2028 година, а напаѓачот посочи дека борбата за титулата е приоритет, додека настапите во Конференциската лига ги гледа како дополнителен мотив.

„По мое мислење, прво е титулата. Ја освоивме минатата сезона, па зошто да не и втора по ред? Сигурен сум дека можеме и дека ќе успееме“, порача Нзенгуе.

Во првиот дел од сезоната во ПМФЛ, габонскиот напаѓач настапи на 16 натпревари и постигна осум погодоци, а во Шкендија пристигнува со јасна цел – голови, победи и нов трофеј за тетовскиот клуб.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!