Втора лигаФудбал

Уште тројца фудбалери заминуваат од Беласица!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Нови заминувања од редовите на Беласица, во пролетниот дел дресот на струмичката фудбалска гордост нема да го носат Марио Наумоски, Стефан Секирски и Максим Цониќ, дознава Спортска Мрежа.

Тројцата фудбалери во пролетниот дел ќе настапат во нови средини, а ова го отвара прашањето како Беласица ќе се екипира и дали ќе носи соодветни засилувања со цел да ги напаѓа позициите за Прва лига?

Претходно како што објави ексклузивно Спортска Мрежа редовите на Беласица ги напушти најдобриот стрелец од есенскиот дел Бојан Спиркоски.

17-годишниот Секирски кој важи за голем талент во Беласица пристигна од редовите на Пелистер, а претходно беше дел од младинските категории на фудбалските школи Талент 2010 и Форца Спорт.

Цониќ кој има 19 години во Беласица дојде од редовите на кратовски Силекс, а беше дел од младинските категории на Работнички и Вардар каде и ги направи првите фудбалски чекори.


Според информациите на Спортска Мрежа и 25-годишниот Наумоски ги собира куферите од Струмица и заминува во нова средина. Наумоски пред почетокот на оваа сезона пристигна од Македонија ЃП, беше дел од Пелистер, Победа, Брегалница, Металург и Кожуф.

Беласица презимува на четвртото место со 31 бод, пет помалку од есенскиот шампион Охрид кој има 36 бодови, но заминувањето на овие играчи го отвара прашањето како Беласица ќе се засилува оваа зима и како ќе ги напаѓа позициите за Прва лига?


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!