Втора лигаФудбал

Победа е пред голем предизвик – ќе може ли прилепската фудбалска гордост до опстанок?

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Победа веќе со години се соочува со тешки предизвици и секоја сезона е на работ на опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Од ветувања за преземање на клубот од странски бизнисмени, до одбор за спас на клубот, Победа есенскиот дел го заврши во зоната за директно испаѓање во Трета лига, а притоа во пролетниот дел прилепската фудбалска гордост ја очекува сериозни турболенции.

Веќе неколку фудбалери заминаа, а клубот остана и без тренер откако Филип Мирчески кој ја презеде победа од Стојанче Дунимаглоски си поднесе оставка и замина од клубот.

За ситуацијата околу Победа сите зборуваат, но малку се прави, а клубот е под големи прашалници за финансии, за организација, за тренер, но и за тоа кои ќе го носи дресот на клубот во пролетниот дел и секако, кој ќе биде тренер на клубот.

Нема официјални информации ниту околу тоа кога клубот ќе ги започне зимските подготовки, ниту пак околу пријателските натпревари.

Клубот ќе се соочува со низа предизвици – се зборува дека Победа ќе настапува со играчи од младинските категории, а поискусните играчи веќе бараат, а некој имаат и најдено нови средини. Меѓу нив замина и Филип Димоски, за што ексклузивно објави Спортска Мрежа.


Проблемот со финансиите директно ќе влијае на многу работи во пролетниот дел, а оваа сезона поради кратењето на лигата и испаѓањето на дури пет екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, ја става Победа во најтешката ситуација во однос на претходните сезони кога е во прашање опстанокот.

Победа презимува на 13-тото место со 11 бодови на своето конто, шест помалку од бараж зоната, а дури 13 помалку од зоната за директен опстанок. Реалните шанси на Победа ќе се сведуваат на бараж, ситуација како во сезона 2023/2024 кога тимот од Прилеп сезоната ја спаси со опстанок преку бараж совладувајќи го третолигашот Куманово со 2:1 на стадионот во Ѓорче Петров.

Ако е направи хронологија на резултатите на Победа од сезона 2021/2022 ќе се воочи дека клубот е во слободен пад, односно ја има фатено удолницата и тешко да се стабилизира.


Во сезона 2021/2022 во последното издание на Втора лига кога беше во два региони односно Исток и Запад, тогаш Победа беше шампион во Втора лига – Исток.

Тогаш прилепчани доминираа во лигата и беа шампиони со 62 бодови во трката со Беласица и Слога Виница.

Следната сезона 2022/2023 Победа експресно испадна од елитата, откако заврши на 11-тото место со 13 бодови, тоа беше сезона во која Ренова се откажа од натпреварување, па во секое коло имаше по една слободна екипа.

Победа тогаш имаше само три победи, четири ремија и дури 23 порази и со тоа прилепската фудбалска гордост се пресели во Втората лига.

Ветувања за експресно враќање во елитата, Победа во летниот преоден рок беше меѓу кандидатите кои ќе водат трка за Прва лига, но прилепчани таа сезона односно 2022/2023 преку бараж совладувајќи го Куманово останаа во Втората лига.


Минатата сезона одново турболенции за Победа, па сезоната беше спасена во последните кола, кога тимот од Прилеп заврши на 12-тото место со 33 бодови, само четири повеќе од Осогово кој заврши на 14-тото место и играше бараж за опстанок кој го загуби од Шкендија Арачиново, но „жетварите“ од Кочани имаа среќа во баражот, а подоцна поради откажувањето на Беса од натпреварување по испаѓањето од Прва лига, сите третолигаши влегоа во Втора лига.

И сега односно проблеми за време на зимската полусезона, покрај голема реконструкција во структурите на тимот, најголем проблем ќе биде да се обезбедат финансии, а потоа и соодветни засилувања.


Што ќе се случува со прилепската фудбалска гордост ќе покаже време, дали односно ќе има сезона кога Победа ќе се спасува во последните кола или преку бараж и тоа ќе го покаже времето, но оваа сезона се чини дека многу порано ќе има одговор каква пролет ќе ја чека Победа, а тоа ќе зависи од засилувања.

Во зимскиот преоден рок е потешко во однос на летниот да се обезбедат соодветни засилувања, па тоа е уште еден предизвик, но односно работите се сведуваат на финансиите.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Шкендија е најдобриот тим во Македонија, борбата за титулата е приоритет!

Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот во тетовскиот клуб и јасно ги истакна причините поради кои се...

Прва лигаФудбал

Арсими со пораз го отвори подготвителниот циклус во Хрватска

Фудбалерите на Арсими 1973 го одиграа првиот контролен натпревар во рамките на зимските подготовки во Хрватска, каде во Медулин беа поразени од хрватскиот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Шкендија е најдобриот тим во Македонија, борбата за титулата е приоритет!

Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот...

Прва лигаФудбал

Арсими со пораз го отвори подготвителниот циклус во Хрватска

Фудбалерите на Арсими 1973 го одиграа првиот контролен натпревар во рамките на...

Прва лигаФудбал

Шкендија прави промени во ростерот: Белица и Ќака заминуваат од Тетово

Актуелниот македонски шампион Шкендија продолжува со реконструкција на тимот во пресрет на...

Втора лигаФудбал

Уште тројца фудбалери заминуваат од Беласица!

Нови заминувања од редовите на Беласица, во пролетниот дел дресот на струмичката...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!