Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Некој решава крстозбор, некој на телефон… каков беше летот на македонската репрезентација кон Швајцарија?

Сподели
ФОТО: Ракометна репрезентација на Македонија
Сподели

Македонската ракометна репрезентација рано утринава „летна“ за Швајцарија, каде ќе ги има последните подготовките пред настапот на Европското првенство со три контролни натпревари на „Жолтиот куп“.

Интересен беше летот кон Швајцарија, секој ракометар си имаше своја занимација за време на летото, некој решава крстозбор, некој гледа видеа на телефон, муабети…

Македонија на „Жолтиот куп“ ќе игра со Бахреин, Украина и Швајцарија. По настапот на „Жолтиот куп“, македонската експедиција ќе се пресели во Данска, каде ќе ги направи финалните подготовки за Европското првенство. Последната проверка пред шампионатот е контролниот натпревар против данскиот прволигаш Митјиланд, закажан за 13 јануари од 19 часот.

Европското првенство Македонија ќе го започне на 16 јануари со силен тест против домаќинот Данска. Два дена подоцна следи пресметка со Португалија, а групната фаза ќе биде заокружена на 20 јануари со дуелот против Романија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!