Голманот Борче Картон зимава ќе менува средина, како што дознава Спортска Мрежа тој ќе замина од второлигашот Кожуф и со тоа кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
Се работи за искусен голман, кој низ својата кариера покрај за Кожуф, настапуваше и за Беласица, Дојранско Езеро, Љубанци и Вардар.
Искуството кое го има Картон кој важи за исклучително стабилен голман кој носи сигурност на својот гол го става на радарот на неколку екипи.
Ова есен тој прими десет погодоци со што го прави еден од најдобрите во Втората лига, а со тоа Кожуф ја имаше втората најдобра одбрана во есенската полусезона, што е потврда за неговите квалитети.