Останато

Штип УГД елиминиран во Челинџ купот – Милано пресилен и на реваншот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Одбојкарите на Штип УГД ги завршија настапите во Челинџ купот на ЦЕВ, откако и на реванш-натпреварот во Италија беа поразени од фаворизираниот Алијанц Милано со максимални 3:0. Италијанскиот претставник повторно ја оправда улогата на апсолутен фаворит и славеше по сетови 25-18, 25-19 и 25-17.

Поразот во Милано значеше и официјален крај на европската приказна за македонскиот вицешампион, кој и на првиот натпревар одигран во Радовиш загуби со идентичен резултат. Иако Штип УГД се обиде да пружи посилен отпор, разликата во квалитет и искуство беше очигледна.

На реваншот, штипјани настапија без првиот тренер Кристиан Ристевски, кој поради здравствени проблеми не отпатува во Италија, па екипата беше предводена од помошниот тренер Ванчо Санев. Најефикасен во редовите на Штип УГД беше Засмард со 13 поени, Илиев додаде 6, а Алексов 5 поени, додека кај Милано, Ичино исто така заврши со 13 поени.


И покрај елиминацијата, Штип УГД може да биде задоволен од европската сезона. Македонскиот претставник претходно го елиминираше норвешкиот Кол Ил по „златен сет“, со што обезбеди историски пласман во 1/16-финалето на Челинџ купот – резултат кој ќе остане запаметен во клупската историја.

По европската авантура, фокусот на Штип УГД сега целосно се префрла на домашните натпреварувања. Штипјани ќе атакуваат на одбрана на Куп-титулата и борба за шампионскиот трофеј, со амбиција оваа успешна сезона да ја заокружат и на домашната сцена.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ВИДЕО: Одлична атмосферата од првиот тренинг на македонските ракометари во Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација денес пристигна во Винтертур каде ќе ги има последните подготовки за Европското првенство со настапот на „Жолтиот куп“. Ракометарите на...

Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ВИДЕО) Пешевски: Жолтиот куп е идеална проверка за да ги исправиме слабостите пред ЕП

Македонската репрезентација денеска пристигна во Винтертур каде нашата репрезентација ќе ги има последните подготовки пред учеството на Европското првенство, а ќе се соочиме...

Поврзани написи
Останато

„Езерски Пулс“ со нова голема еко-акција – „Нов живот за езерото“ на Охридското Езеро

Клубот за подводни активности „Езерски Пулс“ ја најави четвртата по ред еко-акција...

Останато

Штип УГД на тешко гостување во Милано за историски европски настап

Последниот македонски претставник на европската сцена во сезоната 2025/2026, вице-шампионот Штип УГД,...

Останато

ФОТО: Реконструкција на мултифункционалното игралиште во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица

Во Струмица во тек е реконструкција на мултифункционалното спортско игралиште кое се...

Останато

Отворен мини преодниот рок во македонската одбојка – активен до 17 јануари

Мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија во паузата во првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!