Останато

„Езерски Пулс“ со нова голема еко-акција – „Нов живот за езерото“ на Охридското Езеро

Сподели
ФОТО: Клуб за подводни активности „Езерски Пулс“ Струга
Сподели

Клубот за подводни активности Езерски Пулс“ ја најави четвртата по ред еко-акција за чистење на Охридското Езеро, која ќе се одржи на 30 и 31 мај 2026 година, на потегот Струга Охрид. Под мотото Нов живот за езерото“, оваа дводневна иницијатива повторно ги обединува љубителите на спортот, природата и екологијата со една заедничка цел заштита на едно од најголемите природни богатства во регионот.

Акцијата ќе опфати темелно чистење на подводниот, но и на крајбрежниот дел од езерото, при што главна улога ќе имаат нуркачите и спортските ентузијасти од клубот, заедно со волонтери од целата земја. Покрај директното отстранување на отпадот, настанот има и силна едукативна димензија, насочена кон подигање на еколошката свест и поттикнување одговорно однесување кон животната средина.

Од Езерски Пулс“ упатуваат отворен повик до сите заинтересирани страни да се вклучат во акцијата нуркачи и учесници кои сакаат активно да придонесат, волонтери за помош на копно и во логистиката, како и спонзори и општествено одговорни компании кои преку својата поддршка ќе дадат конкретен придонес за зачувување на Охридското Езеро. Добредојдени се и сите поддржувачи и пријатели на езерото, за кои оваа иницијатива претставува можност да бидат дел од позитивна промена.


Организаторите потенцираат дека секој придонес е важен без разлика дали станува збор за директно учество во акцијата, финансиска или материјална поддршка, донација или едноставно споделување на пораката за заштита на езерото.

Сите заинтересирани можат да се пријават и да добијат дополнителни информации преку inbox/DM, како и на електронската адреса ezerskipuls2025@gmail.com

Со оваа еко-акција, Езерски Пулс“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон спортот, екологијата и зачувувањето на Охридското Езеро за идните генерации.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ВИДЕО: Одлична атмосферата од првиот тренинг на македонските ракометари во Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација денес пристигна во Винтертур каде ќе ги има последните подготовки за Европското првенство со настапот на „Жолтиот куп“. Ракометарите на...

Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ВИДЕО) Пешевски: Жолтиот куп е идеална проверка за да ги исправиме слабостите пред ЕП

Македонската репрезентација денеска пристигна во Винтертур каде нашата репрезентација ќе ги има последните подготовки пред учеството на Европското првенство, а ќе се соочиме...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД елиминиран во Челинџ купот – Милано пресилен и на реваншот

Одбојкарите на Штип УГД ги завршија настапите во Челинџ купот на ЦЕВ,...

Останато

Штип УГД на тешко гостување во Милано за историски европски настап

Последниот македонски претставник на европската сцена во сезоната 2025/2026, вице-шампионот Штип УГД,...

Останато

ФОТО: Реконструкција на мултифункционалното игралиште во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица

Во Струмица во тек е реконструкција на мултифункционалното спортско игралиште кое се...

Останато

Отворен мини преодниот рок во македонската одбојка – активен до 17 јануари

Мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија во паузата во првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!