Прва лигаФудбал

ФОТО: Струга Трим Лум ги започна подготовките за пролетниот дел од Првата лига

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Прволигашот Струга Трим Лум денеска официјално ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига. По завршувањето на зимската пауза, фудбалерите се собраа на Градскиот стадион во Струга, каде што го одржаа првиот тренинг во 2026 година под водство на тренерот Бледи Шкемби.

Собирот беше закажан за 13:00 часот, а на него се појавија сите фудбалери кои во изминатиот период ги искористија своите одмори. Стручниот штаб ги запозна играчите со планот и динамиката на подготовките, со цел тимот што подобро да се подготви за продолжението на сезоната во домашниот шампионат.

Првата фаза од подготовките Струга Трим Лум ќе ја реализира во Струга и ќе трае до 17 јануари. Во овој период се планирани и два контролни натпревари, кои ќе послужат како проверка на моменталната форма. На 17 јануари експедицијата ќе отпатува за Анталија, Турција, каде ќе се одвива главниот дел од подготовките. Таму стружани ќе останат до 31 јануари и ќе одиграат неколку пријателски натпревари против странски екипи кои исто така ќе се подготвуваат во Турција.


На првиот собир во 2026 година беа присутни сите фудбалери, со исклучок на напаѓачот Басиру Компаоре, кој ќе ѝ се приклучи на екипата во текот на утрешниот ден поради откажување на летот со кој требаше да патува од Истанбул за Скопје.

Останатиот дел од тимот беше комплетен и денеска го одработи првиот и единствен тренинг. Од утре, екипата ќе тренира со по две тренинг-сесии дневно, а со вакво темпо ќе се работи до 17 јануари во Струга. По враќањето од Турција, на 6 февруари ќе се одигра и генералката против ГФК Охрид.

Добра вест за клубот е враќањето на Ард Касами, кој повторно е дел од тимот по завршувањето на последната фаза од рехабилитацијата во Хрватска. Касами се опоравуваше од тешка повреда на предниот вкрстен лигамент (ACL), заработена на тренинг во септември минатата година. Во наредниот период тој ќе започне со индивидуални тренинзи под будното око на стручниот и медицинскиот тим.

Струга Трим Лум во пролетниот дел влегува со високи амбиции, откако есенскиот дел од шампионатот го заврши на второто место со 41 бод, само еден помалку од лидерот Вардар. Борбата за титулата во Првата македонска фудбалска лига ветува возбудлива и неизвесна пролет. Пролетниот дел Струга го отвара против Шкендија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!