Борбата за титулата во ракометната Суперлига никогаш не била понеизвесна и тоа со четири екипи. Секој има цел да ја освои шампионската титула, есенскиот дел понуди неверојатна борба и натпревар кои ќе бидат запаметени како најава за сезона во која ќе гледаме рамноправна борба на четири екипи за титулата, а најава за „пеколна“ пролет.
Есенскиот шампион Вардар, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид во битка за освојување на шампионската титула.
Дека навистина беше неизвесна, но и непредвидлива есента, потврда имаме само во последните неколку кога, кога шампионот Охрид беше блиску да го добие Вардар во „Билјанини Извори“, Вардар потоа загуби во Битола од Еурофарм Пелистер, а веднаш во следното коло битолчани загубија во „Билјанини Извори“ од Охрид.
Охрид успеа да го добие и Алкалоид, се потврди дека секој секого може да добие, а „Билјанини Извори“ може да биде одново местото каде ќе се решава за титулата, но овој пат и истата да пристигне, а не само да пресуди.
Полни сали на дерби натпревари, игра гол за гол, падови, подеми, погодок во финиш за победа или реми, големи резултатски разлики кои во финишот биле „стопени“.
Факт е дека оваа сезона во Суперлигата имаме четири екипи во трка за титула, факт е дека вака не било години наназад, а факт е дека пролетната полусезона, односно плеј-офот ќе биде вистински „пекол“ на секој натпревар.
Дали Вардар ќе ја врати шампионската титула или пак Еурофарм Пелистер ќе ја одбрани, или пак Охрид и Алкалоид по првпат ќе ја освојат истата.