Останато

ФОТО: Министерот за спорт Борко Ристовски во посета на Кавадарци – увид во изградбата на затворениот базен

Сподели
ФОТО: Борко Ристовски | facebook
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски, новата 2026 година ја започна со работна посета во Кавадарци, каде беше направен увид во изградбата на затворениот базен, инвестиција од 45 милиони денари.

Заедно со министерот Ристовски беше и премиерот Христијан Мицковски, како и градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев. Во овој спортско рекреативен објект ќе има и СПА центар.

„Ова е еден убав почеток на годината, работен почеток на сè она што Владата на Република Македонија, и преку Министерството за спорт и преку другите ресорни министерства, го вложува во локалните самоуправи. Спа центарот којшто денес го најави градоначалникот, јас би додал тука дека е и базенот кој што беше почнат пред повеќе години, а веќе мислам дека добива една поинаква слика за базенот и сигурен сум дека до крајот на месец август некаде ќе биде завршен и ќе биде пуштен во употреба и предаде на општина Кавадарци и ќе може сите граѓани да ги чувствуваат бенефитите и сите оние дечиња кои што е главна дејност на базенот да учат пливање, нормално и сите оние кои што сакаат да се рекреираат. Објектот чини 45 милиони денари плус ДДВ, пари коишто се обезбедени директно од министерството за спорт, нормално со поддршка на Владата, додека спа центарот е проект финансиран од АА Програмата или директна поддршка од Владата преку министерството за спорт“, рече министерот за спорт Борко Ристовски.

ФОТО: Борко Ристовски | facebook

Како што истакна и министерот Ристовски, спортската инфраструктура е многу важен сегмент за функционирањето на спортот.

„Оваа 2026 година како што кажа и градоначалникот ќе биде една градежна експанзија во сите сегменти на живеењето, меѓутоа и во делот на спортската инфраструктура каде што мислими и цениме дека спортската инфраструктура е многу важен, ако не и најважен сегмент на функционирањето на спортот и на создавање на услови за спортот да може да се развива и да бараме резултати“, нагласи Ристовски.

ФОТО: Борко Ристовски | facebook


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!