Турнири

Пицерија Дивино и Дим Метал во големото финале на турнирот “Стојаково 2025” 

Сподели
Сподели

Синоќаа беа одиграни полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, а како и во претходните вечери, така и вечерва публиката проследи неизвесни и атрактивни натпревари.

Во првиот полуфинален меч тимот на Дим Метал се соочи со Електро Петар каде конечниот исход беше 2:2 во конечниот дел, а во пенал серијата подобра беше екипата на Дим Метал со 2:1 која се „чекирање“ во големото финале.

Во вториот полуфинален меч Пицерија Дивино беше на мегдан со Баламов Компани, натпревар полн со предизвици, погодоци, возбуда а резултатот беше 2:3 што значи дека популарните “пици” од Босилово патуваат во големото финале.

Во финалето ќе се соочат Дим Метал и Пицерија Дивино, а во мечот за трето место ќе играат Баламов Компани и Електро Петар од Гевгелија.

Спортска Мрежа медиумски го поддржува по првпат овој турнир во мал фудбал кој се игра во Стојаково.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!