Втора лигаФудбал

Димитриевски: Одиме на позитивен резултат против Македонија ЃП, трите бодови се наша цел!

Сподели
Сподели

Утре се игра мега дербито на 11. коло во Втората лига меѓу ланските прволигаши Македонија ЃП и Брегалница, дерби каде и двете екипи сакаат позитивен резултат и освојување на трите бодови.

Фудбалерот на Брегалница, Димитриј Димитриевски вели дека максимално се фокусирани за утрешното дерби и дека се подготвени за овој натпревар, иако се соочиле со згуснат распоред на натпреварите.

„Нé очекува дерби меч, ние се фокусираме и се подготвуваме за тоа дерби иако имаме згуснат распоред на натпревари. Во сабота одиме на позитивен резултат и трите бода да ги донесеме во Штип и да го задржиме првото место. Мислам дека и на двете екипи се јасни амбициите и двете екипи сме фаворити за кам бек во ПМФЛ, сепак тоа треба да го докажеме на секој натпревар до крајот од првенството“, рече Димитриевски.


Згуснатиот распоред е вистински проблем за второлигаши за што во изјава за Спортска Мрежа реагираше и Љабинот Муслиу од стручниот штаб на Арсими. Во Брегалница ваквиот густ распоред се рефлектирал со ситена поведа на двајца до тројца фудбалери, но ништо сериозно, на располагање ќе бидат сите фудбалери на Трајче Сенев.

Мега дербито меѓу Македонија ЃП и Брегалница ќе го суди Фатмир Бафто од Охрид, а истиот ќе стартува во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!