Прва лигаФудбал

Работнички се раздели со Ален Тупајиќ – тимот од Дебар Маало ќе бара четврто тренерско решение!

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Екипата на Работнички повторно ќе тргне во потрага по ново решение на тренерската позиција, откако клубот од Дебар Маало и Ален Тупајиќ решија да ја прекинат соработката. Српскиот стратег се задржа кратко на клупата на „романтичарите“, во период кој не донесе резултатски пресврт.

Тупајиќ во Работнички пристигна како обид за стабилизација по турбулентниот почеток на сезоната, но неговиот ангажман не успеа да ја промени сликата на теренот. Тимот и понатаму се наоѓа во долниот дел од табелата и е во сериозна битка за опстанок во Првата лига.

Од клубот кратко ја информираа јавноста за разделбата со тренерот.

„ФК Работнички спогодбено го раскина договорот со тренерот Ален Тупајиќ. Благодариме, Ален“, се вели во краткото соопштение на клубот од Дебар Маало.

Со оваа одлука, Работнички ќе добие веќе четврти тренер во тековната сезона. Првенството го започна Бојан Маркоски, потоа кормилото го презеде Ердем Арпаслан, а по него следуваше ангажманот на Тупајиќ, кој исто така не донесе посакуван резултатски исчекор.

Ситуацијата на табелата е сериозна – некогашниот македонски шампион е претпоследен и секој нареден натпревар ќе има огромно значење во борбата за прволигашки статус. Пред раководството сега е нов предизвик: брзо да се најде тренер кој ќе успее да внесе енергија, стабилност и резултати во клучниот пролетен дел од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!