ИнтернационалциФудбал

ЖФК Порече со нов меѓународен настап – четврто место и пехар за фер-плеј во БиХ

Сподели
Сподели

Екипата на ЖФК Порече од Македонски Брод и оваа година достојно ја претставуваше Македонија на меѓународната сцена, настапувајќи на силниот меѓународен турнир што се одржа во Читлук, Босна и Херцеговина, град кој се наоѓа на дваесетина километри од Мостар.

За ЖФК Порече ова беше трето последователно учество на овој меѓународен турнир, а екипата беше предводена од тренерот Миле Младеновски, кој континуирано работи на развојот и напредокот на младите фудбалерки. Тимот го заврши турнирот на четвртото место, а како признание за коректната игра и спортскиот дух, Порече го освои и пехарот за фер-плеј.

Настапот во Читлук претставува значајно искуство за младите фудбалерки на ЖФК Порече, кои преку ваквите меѓународни натпревари добиваат дополнителна можност за спортски развој, натпреварувајќи се со екипи од различни држави и фудбалски школи. Токму ваквите турнири имаат голема улога во градењето на нивната самодоверба, карактер и натпреварувачки менталитет.

Турнирот во Читлук беше одлично организиран, со квалитетни услови за натпреварување, што дополнително придонесе за позитивниот впечаток на сите учесници. Од таборот на ЖФК Порече и тренерот Младеновски изразија задоволство од целокупниот настап, посочувајќи дека ваквите меѓународни настапи се клучни за идниот напредок на клубот и за развојот на женскиот фудбал.


ЖФК Порече се натпреварува во Втората женска фудбалска лига на Македонија и продолжува со јасна визија – чекор по чекор да гради стабилен проект и да им овозможи на младите фудбалерки услови за напредок и афирмација.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!