ФудбалФутсал

Проект зависи сам од себе – Јосифово ја чека титулата, шампионот Форца го очекува пеколна пролет!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Последното есенско коло го донесе најголемото изненадување досега во Првата футсал лига – актуелниот шампион Форца доживеа шокантен пораз од Мал Ајакс, резултат што сериозно ги искомплицира амбициите на тимот од Куманово во битката за одбрана на титулата.

Неочекуваниот кикс на Форца широко ги отвори вратите за есенскиот лидер КМФ Проект, кој сега има јасна шанса уште посериозно да го нападне шампионскиот трофеј. Тимот од Јосифово од овој момент зависи исклучиво од себе.

Пред Проект е последниот меч во 2025 година, односно финалниот дуел од есенскиот дел, гостување кај Бутел. Победа таму би значела перфектна есен со девет победи од девет натпревари и потенцијални шест бодови предност на врвот од табелата.

Во такви околности, Проект би влегол во пролетниот дел како апсолутен господар на својата судбина. Првиот човек на клубот, Иван Гавровски, во гостувањето во „Спортска Мрежа“ истакна дека во зимскиот преоден рок се планираат едно до две засилувања, но концептот останува ист – ростер составен исклучиво од македонски играчи.


Додека Форца ја очекува пеколна пролет и трка од позиција на притисок, Проект влегува во фаза каде што секој чекор зависи само од него. Јосифово е чекор поблиску до титулата, Куманово чекор подалеку.

Сè повеќе мириса дека сезоната 2025/26 може да донесе нов шампион во македонскиот футсал.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар стрелец. „Рибар“ и „пират“ го делат врвот на листата на најдобри...

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!