Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ на програмата ќе бидат четири натпревари, два кај јуниорите, а два кај сениорите.
Во 18 часот меч од генерација 2010/2011 каде Mild Home Store ќе игра со Маркет Го-Да Чонов Микро, а од 18:30 часот окер Фурка ќе игра со Уни Глобал генерација 2012/2013.
Кај сениорите во 19 часот Кафе Бар Проект на мегдан со Џокер од Фурка, а пак во 19:45 часот Дим Метал од Неготино ќе ги одмери силите со Баламов Компани од Негорци.
Спортска Мрежа по првпат медиумски е покровител на овој спортски настан.