ФудбалФутсал

Филип Гигов после победата над Форца: Докажавме дека имаме квалитет за повисок пласман!

Сподели
Сподели

Вечерва Мал Ајакс забележа голема победа над шампионот Форца среде Куманово во последниот меч од есенската полусезона на Првта футсал лига, откако штипскиот тим славеше со 5:6.

Голема заслуга за овој голем триумф на Мал Ајакс има и голманот Филип Гигов, кој беше вистински „пантер“ на својот гол и имаше фантастични интервенции во клучни моменти од натпреварот што доведе до овој голем триумф.

21-годишниот голман за Спортска Мрежа истакна дека мотивацијата секогаш е на највисоко ниво кога се игра против најдобрите, притоа потенцираше дека докажале дека Мал Ајакс има квалитет за повисок пласман на табелата.

„Секогаш кога се игра со најдобрите мотивацијата е на највисоко ниво, иако сме во долниот дел на табелата сепак не дојдовме со бело знаме и денес докажавме дека нашиот квалитет е за во повисокиот дел на табелата. За моите одлични одбрани голема заслуга имаат и моите соиграчи не е еден херој сите сме херои“, вели Гигов за Спортска Мрежа.

Мал Ајакс есенската полусезона ја завршува со шест бодови и со учинок од две победи и седум порази, а пролетниот дел го отвара против Јувентус Серава во гости.


Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!