ИнтернационалциФудбал

Македонија со нови меѓународни судии под капата на УЕФА

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Македонското судење доби значајно признание на европско ниво, откако УЕФА ја финализираше најновата листа на арбитри кои од 2026 година ќе добијат можност да делат правда на меѓународната сцена.

По спроведените семинари, едукации и проценки, двајца македонски судии ја добија довербата на УЕФА и ќе бидат дел од елитното европско судиско семејство.

Во фудбалската конкуренција, нов носител на УЕФА значка е Стојанче Трпчевски, судија со долгогодишно искуство на натпреварите во Првата и Втората македонска лига. Кавадарчанецот со своите настапи и континуитет во домашните натпреварувања успеа да се избори за место на најновата УЕФА листа.

Позитивни вести пристигнуваат и од футсалот, каде Александар Урошевиќ е селектиран меѓу новите меѓународни футсал судии. Ова претставува дополнителен показател за напредокот и квалитетот на македонското судење и во оваа дисциплина.


Овие избори претставуваат големо признание за македонските судии, но и потврда дека со посветена работа и професионален пристап може да се стигне до европската сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!