Младински фудбалФудбал

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 започнуваат соработка

Сподели
ФОТО: ФК Бутел 2017
Сподели

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 постигнаа договор за идна соработка, со цел унапредување на развојот на младинскиот фудбал и создавање подобри услови за напредок на младите фудбалери.

Со овој договор, двете страни воспоставуваат партнерски односи кои ќе овозможат меѓусебна размена на играчи, спортски знаења и практики, како и заедничка работа во насока на откривање, развој и промоција на млади фудбалски таленти.

ФК Бутел 2017 во јавноста е препознаен како расадник на млади и перспективни играчи, а соработката со најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар, претставува значаен чекор кон подигање на квалитетот на младинскиот фудбал во земјава.

ФОТО: ФК Бутел 2017

Од младинската академија на ФК Вардар изразија уверување дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати за двете страни, како и за младите фудбалери кои ќе добијат можност за континуиран развој во професионална средина.

ФОТО: ФК Бутел 2017

Воедно, од Вардар до ФК Бутел 2017 им посакаа успех за организацијата на традиционалниот новогодишен турнир, на кој годинава ќе настапуваат екипи од генерацијата 2017, меѓу кои ќе биде и екипата на Вардар.

ФОТО: ФК Бутел 2017

Соработката меѓу двете академии е уште еден доказ дека младинскиот фудбал мора да се гради системски и со визија, со цел создавање на идните носители на македонскиот фудбал.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!