Останато

Доминација на Девран Куртис: Шест медали за младата охридска пливачка на Националното зимско првенство

Сподели
Сподели

Младата и исклучително талентирана пливачка Девран Куртис, која настапува за пливачкиот клуб Три Дисциплини од Струга, блесна на Зимското национално првенство во пливање 2025, кое се одржа изминатиот викенд во Скопје, освојувајќи вкупно шест медали и потврдувајќи дека станува збор за една од најперспективните млади спортистки во македонското пливање.

Куртис доминираше во индивидуалните дисциплини, каде што се закити со два сребрени и два бронзени медали. Таа го освои среброто на 50 метри делфин, како и сребрен медал на 50 метри грбно, додека бронзени одличја обезбеди во дисциплините 50 метри слободен стил и 100 метри индивидуално мешано. Нејзин тренер е Никола Кутаноски.

Одличните настапи Девран ги круниса и во штафетните трки, каде што стигна до две златни медали. Првото злато го освои во мешаната штафета 4×50 метри слободно, заедно со Хади Исмаилоски, Јана Билетина и Јован Кутаноски, додека второто злато дојде во женската штафета 4×50 метри, каде што настапи со Дарија Магдис, Јана Билетина и Софија Кутаноска.

Овие резултати се само продолжение на успешната низа на младата охридска пливачка. Куртис претходно освои сребрен медал на Летното национално првенство во Скопје во дисциплината 50 метри делфин, во категоријата постари пионери, со одлични 304 бода, заостанувајќи само половина секунда зад победничката.


Покрај пливањето, Девран успешно се натпреварува и во триатлон. На 11. Златиборски триатлон 2025 освои бронзен медал во акватлон за млади кадетки, а на Националното триатлон првенство Дојран 2025 се закити со сребро во категоријата три дисциплини.

Дополнително, на меѓународниот пливачки митинг „Орион 2025“ во Скопје, Куртис освои златен медал на 50 метри делфин и сребрен медал на 100 метри грбно, уште еднаш покажувајќи континуитет и високо ниво на форма.

Со вакви настапи и резултати, Девран Куртис јасно најавува светла спортска иднина и претставува голема надеж за македонското пливање во годините што доаѓаат.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

Останато

Македонија го доби првиот параолимпиец на ЗОИ во Милано и Кортина

Зоран Јовановски испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, станувајќи првиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!