Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, каде одново покрај многубројната публика имаше и голем број на погодоци.

Кај јуниорите во генерација 2012/2013 Mild Home Store со 7:0 го декласираше Кирил И Методиј, а пак во генерација 2010/2011 Mild Home Store загуби со 1:4 од Фавела Бојс.

Кај сениорите оваа вечер припадна на тимот на Порта ЕУ – Freight One, радовишани на првиот меч беа подобри со 8:1 од Лион, а на вториот меч со 3:7 славеа над Еклер Транс.

Утре одново четири натпревари во стандардни термини – од 18 часот јуниори генерација 2014/2015 Диана Шпед против Дроне Транспорт, а пак половина час подоцна во генерација 2012/2013 Уни Глобал против Дојранско Езеро.


Во сениорска конкуренција од 19 часот Џокер Фурка на мегдан против Десива Транспорт од Богданци, а 45 минути подоцна Такси Ага против Баламов Компани.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, каде одново покрај многубројната публика имаше и голем број на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново гради тим за Прва лига!

Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски –...

Поврзани написи
Турнири

Дим Метал ги „меле“ противниците – високи победи над Електро Петар и Такси Ага

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ одново беа постигнати рекордни...

Турнири

Порта ЕУ Freight One со два меча против Лион и Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва, четврток на програмата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе...

Турнири

Илинден 2007 и Алупласт Јосифово прокнижија победи на “Стојаково 2025”

Голеадата на турнирот во мал фудбал “Стојаково 2025” продолжува. Одново публиката следеше...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!