ИнтернационалциФудбал

Признание за Филип Поповски делегат на вчерашното мега-дерби Реал Мадрид – Манчестер Сити

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Филип Поповски повторно ја потврди својата репутација на врвен македонски фудбалски професионалец со ангажманот како делегат на синоќешното мега-дерби од групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“. Овој престижен ангажман е доказ за угледот на македонските фудбалски професионалци и за високото место на Фудбалската федерација на Македонија во европските фудбалски структури.

ФОТО: ФФМ

Поповски е еден од највисоко котираните македонски претставници во УЕФА и редовно се ангажира на врвни меѓународни натпревари. Поранешниот прв оперативец во „Куќата на фудбалот“ беше делегат и на финалето на последното Европско првенство, што дополнително ја потврдува довербата и професионалноста што ја ужива на европската фудбалска сцена.

За време на престојот во Мадрид, Поповски беше пречекан од легендарниот Емилио Бутрагењо, задолжен за протоколот на Реал Мадрид. Легендата со симпатии се присети на гостопримството во Македонија и на топлото скопско лето за време на УЕФА Суперкупот 2017, а разговорот ги потсети и на спомените за Кирил Дојчиновски, кој му беше тренер на Бутрагењо во Мексико, а подоцна повторно се сретнаа и во Скопје.

Ангажманот на Поповски на еден од најгледаните натпревари во светскиот фудбал е уште една силна потврда за квалитетот, професионалноста и довербата што македонските фудбалски претставници ги уживаат во УЕФА.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!