РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ново партнерство на ФФМ и FANZEAL за проширување на дигиталните и комерцијалните можности

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја претстави новата стратешка соработка со иновативната платформа FANZEAL, која претставува значаен чекор во дигиталната трансформација на македонскиот фудбал.

На официјалниот настан присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и Горан Пандев и претставниците на FANZEAL, извршниот директор Самуел Арнал и Дејан Вељковиќ.

Соработката меѓу ФФМ и шведската компанија е потврда дека фудбалот и новите дигитални алатки заедно можат да создадат нови можности, нови начини на поврзување и ново ниво на поддршка од навивачите и комерцијалните партнери.

ФОТО: ФФМ

Првиот човек на нашиот фудбал, Масар Омерагиќ и Горан Пандев во своите обраќања ја истакнаа важноста на ова партнерство, потенцијалот за продлабочена интеракција со навивачите и новите можности за привлекување комерцијални партнери.

„Нашата цел е јасна, да создадеме ново ниво на интеракција со навивачите, да ја зголемиме видливоста на нашиот бренд и да го отвориме фудбалот за нови можности. FANZEAL токму тоа го овозможува, директна поврзаност со публиката, персонализирани содржини, дигитални алатки и платформа која им нуди повисока вредност и на навивачите и на нашите партнери.


Ова партнерство не е само технолошка новина. Тоа е стратегиска можност за зголемување на нашите комерцијални потенцијали. Со FANZEAL ја отвораме вратата за нови спонзори, за креативни кампањи, за подобра активација на постојните партнери и за нови брендови што сакаат да бидат дел од македонската фудбалска приказна“, истакна Омерагиќ.

ФОТО: ФФМ

Горан Пандев е избран да биде едно од заштитните лица на македонската платформа FANZEAL.

„FANZEAL е чекор напред. Платформа што ќе ја донесе репрезентацијата, лигите, клубовите и младите таленти да бидат поблиску до нашите навивачи. Платформата е простор за интеракција, за емоција, за нови содржини и нови партнерства кои ќе му помогнат на нашиот фудбал да расте. Верувам дека ова е почеток на една силна и позитивна приказна. Благодарен сум на ФФМ за довербата и на сите што работат да го придвижат македонскиот фудбал напред“.

Извршниот директор на FANZEAL, Самуел Арнал, истакна дека платформата е создадена да ги приближи навивачите до тимовите и играчите.

„Голема чест ни е што стануваме партнер на Фудбалската федерација на Македонија и што добиваме можност да придонесеме кон модернизацијата на фудбалското искуство во земјата. FANZEAL е создаден со цел да ги приближи навивачите до тимовите и играчите, да создаде нови можности за ангажман и да отвори простор за иновативни комерцијални модели. Веруваме дека со ФФМ можеме да изградиме платформа која не само што ќе ја унапреди комуникацијата со навивачите, туку и ќе им понуди значајна вредност на сегашните и идните партнери на федерацијата“, истакна Самуел Арнал.

ФОТО: ФФМ

„Соработката со ФФМ за нас претставува силна потврда дека во дигитална ера може да го подигнеме фудбалското искуство на повисоко ниво. FANZEAL ќе овозможи поблиска врска со навивачите и нови можности за брендовите кои сакаат да бидат дел од македонскиот фудбал“, рече Дејан Вељковиќ, поранешен фудбалер и фудбалски агент коj низа години е поврзан и со македонскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија официјално ја презентираше платформата FAN ZEAL пред своите постојни и потенцијални комерцијални партнери. На настанот беа претставени клучните функционалности на платформата и нејзиниот потенцијал за унапредување на навивачкото искуство, како и можностите за нови модели на комерцијална активација.

ФОТО: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија ја презентираше платформата FANZEAL пред своите постојни и потенцијални комерцијални партнери. На настанот беа претставени клучните функционалности на платформата и нејзиниот потенцијал за унапредување на навивачкото искуство, како и можностите за нови модели на комерцијална активација.

ФОТО: ФФМ
ФОТО: ФФМ


Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес ќе игра против Украина на „Жолтиот куп“

Ракометарите на Македонија денес го играат вториот натпревар од „Жолтиот куп“ против репрезентацијата на Украина. Овие натпревари служат како последна проверка пред настапот...

ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката. Иако...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес ќе игра против Украина на „Жолтиот куп“

Ракометарите на Македонија денес го играат вториот натпревар од „Жолтиот куп“ против...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со совлада Бахреин и победнички го отвори „Жолтиот куп“

Македонската машка ракометна репрезентација победнички го отвори настапот на подготвителниот турнир „Жолтиот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

🔴 Во ЖИВО: Македонија – Бахреин

Следете го во живо првиот натпревар на македонската ракометна репрезентација на „Жолтиот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Бахреин на „Жолтиот куп“

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од „Жолтиот куп“...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!