Втора лигаФудбал

Погледите се насочени кон Радовиш: Што ќе донесе мечот меѓу Детонит Плачковица и Скопје на табелата?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Останува уште еден меч да се одигра за да се комплетира последното есенско коло во Втората лига, а со тоа и официјално да се спушти завесата за крај на есенската полусезона. Сите погледни се насочени кон мечот во Радовиш каде Детонит Плачковица ќе го пречека Скопје.

Овој меч нема да направи некои суштински разлини, но едно е сигурно – двете екипи со триумф ќе имаат полесна пролет во остварувањето на своите цели. Радовишани со победа и освојување на трите бодови ќе се врати на седмото место и во таков случај ќе има 26 бодови на своето конто, со реми исто така ќе биде седми со 24 бодови, колку што има и Осогово, со тоа што „жетварите“ ќе бидат осми, само пораз на Детонит Плачковица го остава Осогово да биде седми.

Скопје со евентуално освојување на трите бодови ќе се врати на четвртото место со 32 бодови и ќе има четири негатива од есенскиот шампион Охрид кој има 36 бодови, со реми „пиратите“ нема да имаат прогрес ќе бидат пак петти со 30 бодови, а секако со пораз тимот од Автокоманда ќе биде петти со 29 бодови. Во овој случај Беласица посакува реми или пораз на Скопје со цел да биде четврта за време на зимската пауза.


Овие се комбинациите кои може да ги очекуваме од последното место на Втората лига за 2025 година, кој се игра в петок од 13 часот на Градскиот стадион во Радовиш.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ГФК Охрид Лихнидос 15 11 3 1 38 10 +28 36
2 ЗФК Шкендија Арачиново 77 15 11 2 2 25 9 +16 35
3 ФК Брегалница 2008 АД 15 10 3 2 31 9 +22 33
4 ФК Беласица АД 15 10 1 4 33 14 +19 31
5 ФК Скопје АД 14 9 2 3 32 15 +17 29
6 ЗФК Новaци 2005 15 8 3 4 25 11 +14 27
7 ГФК Осогово 15 7 3 5 23 13 +10 24
8 ФК Детонит Плачковица 14 6 5 3 20 10 +10 23
9 ФК Кожуф Гевгелија 15 5 7 3 18 10 +8 22
10 ФК Каменица Саса 15 4 5 6 32 30 +2 17
11 ФК Тетекс 1953 15 5 2 8 26 28 -2 17
12 ГФК Вардар Неготино 15 3 3 9 21 46 -25 12
13 ФК Победа АД 15 3 2 10 12 37 -25 11
14 ФК Преспа 15 3 0 12 16 37 -21 9
15 ФК Слога 1934 15 2 1 12 15 34 -19 7
16 ФК Големо Коњари 15 1 0 14 8 62 -54 3


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи...

Останато

Борец со убедлива победа во Струмица – Македонија Џио падна со 0-3

Одбојкарите на Борец од Велес ја запишаа својата седма првенствена победа оваа сезона, совладувајќи го тимот на Македонија Џио со убедливи 0-3 (15:25,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е...

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!