Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Сподели
Сподели

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло во Втората лига. Голеадата ја започна Тетекс во 4. минута, а ја затвори во 90. минута. Во првиот дел паднаа три гола. Азис Амини го отвори резултатот за 0:1, а во 19. минута искусниот Зоран Даноски погодиза 1:1, откако претходно Борче Сркески беше исклучен од игра поради два жолти картони.

Во продолжението од мечот Тетекс дојде до предност од 1:3 преку Славчо Мисајловски и вториот гол на Јамини од белата точка. Во судиското надополнување Нермин Каришик погоди за 2:3.

Во второто полувреме Тетекс стигна до нови три погодоци преку Алтин Нурединовски, Рихан Зеќири и Агон Елмази кој ги постави конечни 2:6.

Големо Коњари го очекува најтешката задача за опстанок во пролетниот дел, речиси реалните шанси се сведени на нула, па последна сламка за спас би бил баражот, иако бодовната разлика е навистина сериозна, а прилепскиот второлигаш ќе презими на дното со три бодови.

Тетекс пролетниот дел ќе го започне со 17 бодови на своето конто, а ќе презими во бараж зоната.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!