Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Неготино откина бодови во Гевгелија – грешките скапо го чинеа Кожуф!

Сподели
Сподели

Четири погодоци беа постигнати попладнево во Гевгелија, за реми од 2:2 на Кожуф и Вардар Неготино и поделба на бодовите, во мечот од 15. коло на Втора лига.

Повеќе од јасно е дека стратегот Иван Варадиновски нема да е задоволен со бод, бидејќи Кожуф ќе презими како деветти на табелата или во бараж зоната, а пак тимот од Неготино доаѓа до вреден бод во жилавата борба која ја води за опстанок во Втората лига.

Домашните прокоцкаа два гола предност откако Веби Ислами во 16. минута го отвори резултатот за водство на Кожуф, а по дваесетина минути игра Аљбан Мемеди погоди по одлично нафрлена топка од корнер за 2:0.

Во финишот на мечот водата на теренот направи до некаде проблем, а одбраната на Кожуф потфрли и прими гол за 2:1 на полувреме, откако погоди Душан Павлов.


Во вториот дел голема грешка направија фудбалерите на Кожуф, речиси му поклони гол за бод на Вардар Неготино, а тука лесно Оливер Тодоров ја смести топката во мрежата на Борче Картон кој беше немоќен да интервенира во 66. минута за конечни 2:2.

  • СИТЕ ПОГОДОЦИ ОД МЕЧОТ КОЖУФ – ВАРДАР НЕГОТИНО:


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!