Втора лигаФудбал

Охрид в недела е пред можноста за двојно славје – причината е Иван Глигоров!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

В недела ќе се решат сите дилеми за тоа кој ќе биде есенски шампион во Втората лига. Сите погледи ќе бидат насочени кон Виница каде ќе се игра мечот меѓу Слога и Охрид.

Ако популарните „рибари“ ја добијат Слога во Виница, тогаш Охрид ќе биде есенски шампион во Втора лига, со 36 бодови, бод повеќе од Шкендија Арачиново која би била втора со 35 бодови, а пак Брегалница со 33 бодови ќе биде трета.

Но, Охрид ќе има можност за двојно славје – покрај есенски шампион „рибарите“ може да го имаат и најдобриот стрелец за есенската полусезона.

Иван Глигоров се израмни на врвот од листата на најдобри стрелци заедно со Виктор Ангелов од тимот на Скопје со по 12 бодови.

В недела ако Глигоров постигне барем еден гол ќе биде осамен на врвот како најдобар стрелец, а што повеќе голови толку поголеми шанси да биде најдобар стрелец за есенската полусезона, бидејќи Скопје на 12 декември ќе игра против Детонит Плачковица во Радовиш, па така Виктор Ангелов ќе има можност за погодоци и со тоа да се бори да биде најдобар стрелец во Втората лига за есенската полусезона. 21-годшниот Глигоров во Охрид пристигна од Штип Брегалница, а беше дел и од португалски Национал.


Трет најдобар стрелец е Андреј Симевски, фудбалерот на Каменица Саса постигна 11 гола, а пак Бојан Спирокоски за Беласица постигна десет гола, додека пак Стефан Јовановски постигна девет гола за Новаци.

Ќе има ли двојно славје во Виница – Охрид е пред можноста да биде есенски шампион и да го добие најдобриот стрелец во Втората лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!