ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф од 5:2 во одложениот меч од 2. коло на Првата футсал лига.

Првиот дел беше доста неизвесен, гостинот од Кавадарци одлично парираше и се обидуваше да наметне своја игра и да воспостави резултатска предност во Куманово.

По три минути Јесус Алејандро Ривас Миранда го отвори резултатот за водство од 1:0. Но, резултатската предност не траеше долго, Мартин Никовиќ во 11. минута погоди за 1:1, а веќе во 18. минута следуваше пресврт и водство на Клими од 1:2 со голот на Виктор Аризанов.

По една минута игра Форца успеа да го израмни резултатот на 2:2 преку Јасир Зекири.

Во вториот дел Форца се мачеше да го скрши отпорот на Клими, а до ново водство шампионот дојде преку Артан Јунузи во 35. минута, потоа Клими прими уште два брзи гола за конечни 5:2, откако Берат Рамадани во 38. минута погоди за 4:2, а пак Таулант Исмаили во 39. минута за конечни 5:2.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирањето на 15. коло?

Дури на 12 декември со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!