Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија, каде ги прават последните подготовки за зимската сезона 2025/2026.
Нашите таленти веќе тренираат во Планица, каде во претстојниот викенд ги очекуваат серија натпревари во силна меѓународна конкуренција.
Стефан Ѓорѓевиќ ќе настапи во три дисциплини: спринт на 1.3 километри во слободен стил (05.12), трката на 10 километри во класичен стил (06.12) и 10 километри во слободен стил (07.12). Виктор Чакаровски пак ќе се натпреварува во спринтот на 1.3 километри (05.12) и на трката од 10 километри во слободен стил (07.12).
Под водство на тренерот Борис Данески, младите македонски скијачи се подготвуваат да ги бранат националните бои и да го продолжат континуитетот на успесите на меѓународната сцена.