Некогашниот второлигаш Росоман во своите редови го има еден од најдобрите стрелци во Трета лига – Југ, Слободан Дуков, кој продолжува да ги полни мрежите на противниците.
Дуков на мечот од 12. коло на Трета лига – Југ постигна два гола против Влазними Јуниор за убедлива победа на Росоман од 3:0. При првиот гол за Дуков за 2:0, двајцата одбранбени играчи на Влазними Јуниор немаа решение како да го запрат одличниот Дуков, а при вториот гол гостинскиот голман немаше можност да го запре ударот на Дуков.
Меѓутоа, Дуков е меѓу најдобрите стрелци во лигата со постигнати девет гола, два помалку од Илхан Имеров кој има постигнати 11 гола во дресот на Борец.
ВИДЕО: Galacticos
27-годишниот Дуков во сезона 2023/2024 беше најдобар стрелец со фантастични 26 гола во дресот на Росоман, десет повеќе од Јосиф Манасиев, кој во таа сезона за Борец погоди 16 пати.
Инаку, Слободан Дуков е брат на Сашко Дуков, фудбалерот на Детонит Плачковица кој веќе неколку сезони е меѓу најдобрите стрелци во Втората лига.