Фудбал

ОУРЦ „Иднина“ добитник на годишната награда на УЕФА Фондацијата за деца со попреченост

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Оваа година УЕФА Фондацијата за деца ги додели своите годишни награди на 26 организации кои секојдневно работат на подобрување на животот на ранливи категории деца. Наградите се дел од иницијативата на УЕФА за поддршка на локални проекти што преку спорт и фудбал создаваат подобри услови за раст и развој на младите.

ФОТО: ФФМ

Секоја национална асоцијација, членка на УЕФА, номинира организација од својата земја. Фудбалската федерација на Македонија годинава го номинираше основното училиште и ресурсен центар „Иднина“, препознаено по успешната работа и развој на инклузивни практики за деца со попреченост и други ранливи категории. „Иднина“ е меѓу добитниците заедно со организации од Англија, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Австрија, Белгија, Грција, Србија, Ирска, Норвешка и други земји.

ФОТО: ФФМ

На 28 ноември, во хотел „Холидеј Ин“, беше промовиран проектот „Touch the Goal – Фудбал за секое дете“, финансиран токму од средствата од наградата. На настанот се обратија директорката на училиштето Лорета Андреевска, генералниот секретар на ФФМ Леонид Јандреоски, Сашо Огњеноски од Министерството за спорт и Душан Томишич од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Стратешка мисија на ФФМ е да обезбедиме интегративни можности и права за сите во безбедна, здрава фудбалска и животна средина. Поради успешната работа на ОУРЦ ‘Иднина’ во полето на инклузијата, ги номиниравме за годишната награда на УЕФА Фондацијата за деца. Проектот ‘Фудбал за секое дете’ не е само подигнување на свесност, туку градење капацитети и знаења за работа со најранливите категории деца,“ истакна Јандреоски.

Инклузивната фудбалска програма ќе биде насочена кон ученици со аутизам и други комплексни образовни потреби, кои често се соочуваат со бариери во учество во спорт. Проектот ќе обезбеди прилагодена спортска опрема, обука за наставници и стручни лица, како и организирана врсничка поддршка за подобра социјална интеракција и еднакви можности за сите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!