Трета лигаФудбал

Нови победи за Превалец и Борец, Млекар со „лото“ победа против Дреново

Сподели
Сподели

12-тото коло на Трета лига – Југ донесе многу погодоци на сите натпревари. Најголема победа забележа тимот на Млекар кој на домашен терен во Мало Коњари со 7:0 го декласираше Дреново.

Четири погодоци постигна Филип Трајкоски, а по еден гол Филип Аљакоски и Деан Цветкоски.

Превалец ја продолжува победничката низа откако дома со 3:0 го доби Башкими од Јаболчиште. Со голот на Филип Драскачев на полувреме беше 1:0. Во вториот дел Јосиф Манасиев и Антонио Чоков погодија за конечни 3:0.

Исто така победа од 3:0 забележа и Росоман над Влазними Јуниор со погодокот на Кристијан Јованов и двата гола на Слободан Дуков.

Питу Гули на домашен терен доживеа висок пораз од Ултра со резултат од 2:5. За домаќинот двата погоди Ѓорѓи Стрезовски, а за гостинот стрелци беа Илиоски, Митрески, Стојчески, Тошески и Тасески.

Борец ја продолжува победничката серија на резултати откако со 1:5 го доби Младост во Кривогаштани. За домаќинот Чешелковски беше единствениот стрелец, за гостинот четири гола постигна Илхан Имеров, а еден гол Теодор Мирчевски.

Бучин со 4:1 ја доби тополка и забележа три важни бодови. Мицески го отвори резултатот во 5. минута, а за домаќинот стрелаа Србиноски и двапати Андреј Николовски. За гостинот единствен стрелец во 44. минута беше Бесник Муртезани.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПРЕВАЛЕЦ 11 9 1 1 41 7 +34 28
2 ФК БОРЕЦ 1919 АД 11 9 1 1 38 7 +31 28
3 ФК УЛТРАС 12 7 1 4 43 23 +20 22
4 ФК РОСОМАН-83 11 6 3 2 25 18 +7 21
5 ФК ПИТУ ГУЛИ 11 5 2 4 24 16 +8 17
6 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 10 5 1 4 18 19 -1 16
7 ФК Бучин 11 4 3 4 16 21 -5 15
8 ФК МЛАДОСТ 1930 11 5 0 6 20 38 -18 15
9 ФК Влазними Јуниор 11 4 1 6 17 25 -8 13
10 ФК МЛЕКАР 11 3 1 7 19 26 -7 10
11 ФК БАШКИМИ 2008 11 2 3 6 17 18 -1 9
12 ФК ТОПОЛКА 11 2 2 7 8 26 -18 8
13 ФК ДРЕНОВО 2016 10 0 1 9 8 50 -42 1
14 ФК СЛОГА 1976 0 0 0 0 0 0 0 0


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!