Вардар утре го игра последниот натпревар од групната фаза на Лига Европа, и тоа на домашен терен ќе го пречека Тулуз. Иако резултатот веќе не одлучува за пласманот, „црвено-црните“ сакаат да ја завршат групната фаза со победа и да им подарат радост на навивачите.
Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, очекува победнички завршеток на групната фаза и радост за навивачите.
„Добра недела е зад нас, две важни победи против Сесвете за пласман во ТОП 16 и потоа во дербито со Охрид. Ни доаѓа Тулуз, овој натпревар нема значење, но играме добро, се спремивме добро и сакаме да запишеме уште една победа да го завршиме групниот дел без пораз на домашен терен. Сакаме да им покажеме на нашите навивачи како Вардар сака да игра на секој натпревар и тоа е мотив за утрешниот натпревар. Мора да дадеме се од себе, со енергија, со говор на тело, со позитива меѓу нас“, изјави Чупиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Тулуз се игра утре (02.12) од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Вардар ќе се обиде да ја затвори групната фаза со победа пред своите навивачи, додека Тулуз ќе се прости од европската сцена.