Екипата на EUROEDIL HOLDING, актуелниот освојувач на Red Bull Half Court Македонија, го освои второто место на светското финале кое во изминатите два дена се одржа во Дубаи.
Македонските претставници одиграа одличен турнир. Во четвртфиналето славеа над селекцијата на Јапонија со 14-9, а во полуфиналето убедливо ја совладаа Молдавија со 19-4. Во финалниот меч храбрите момци загубија од силниот тим на Египет, кој го освои трофејот.
Во групната фаза, EUROEDIL HOLDING запиша две важни победи — против САД и Малдиви — и еден пораз од Јужна Африка, но тоа беше доволно за продолжување во елиминациите.
Тимот на EUROEDIL HOLDING настапи во следниот состав: Елвис Хот, Амар Хот, Карло Блажевски и Паоло Блажевски.