Овој викенд во Трета лига – Север ќе биде искористен за одигрување на одложени натпревари, па така тимот на Студеничани со 4:0 славеше над Отља во одложениот меч од 8. коло.
Најзаслужен за третото сезонско славје на Студеничани имаше Риад Кадри кој постигна хет-рик во вториот дел, откако претходно во првото полувреме Амар Исени во 40. минута го отвори резултатот, па така домаќинот на полувреме имаше 1:0.
Треба да се нагласи дека гостинот од 68. минута играше со играч помалку на теренот, откако Хисни Шаќири заработи директен црвен картон и со тоа го остави својот тим на теренот со играч помалку, а тоа го искористи домаќинот.
Две минути претходно, односно во 66. минута кондициониот тренер на гостинскиот тим, Шемси Незири заработи црвен картон.
Студеничани сега скокна до деветтото место на табелата со 12 бодови, а Отља е на претпоследното место со пет бодови.