Ракомет

Чупиќ: „Ова беше дерби во вистинска смисла на зборот!“ – Вардар со голема победа во Охрид

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар 1961 ја продолжи перфектната сезона со многу важна победа, на едно од најжешките гостувања во Супер лигата, совладувајќи го Охрид со 26-28, во ,,Билјанини Извори”. Во атмосфера со полни трибини и дерби енергија, „црвено-црните“ покажаа зрелост, контрола во клучните моменти и ја впишаа 14. победа во исто толку натпревари.

По натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на Вардар- Иван Чупиќ истакна дека очекувал тежок дуел, ја пофали атмосферата во салата и пристапот на двата тима, нагласувајќи дека неговите играчи ја покажале потребната смиреност за да го изнесат мечот до крај.

„Пред сè, сакам да се заблагодарам- и на навивачите, и на Охрид..и на полната сала, на играчите на Охрид..и на ставот на Охрид, на навистина фер и коректната игра и коректното бодрење. Мислам дека ова денес беше дерби во правата смисла на зборот- со полна сала, со многу енергија и многу емоции од двете страни. Знаевме дека охридскиот терен е многу тежок, и дека ова ќе биде вистинско дерби, но знаевме и дека ќе дојдат нашите моменти во овој меч.”

Исто така, нагласи и дека е навистина тешко да доминираш во текот на целиот  меч, на ,,тешкиот” охридски терен, но и дека неговите момци заслужено ги освоиле бодовите.

,, Мислам дека многу добро ги отворивме и првото, и второто полувреме, но некаде на пет- шест минути пред крајот на првиот дел малку се изгубивме и влеговме во мала криза..ама знаевме и дека е многу тешко во Охрид да доминираш во текот на сите 60 минути. Сепак, после паузата останавме прибрани, продолживме со нашата игра и мислам дека на крај ги заслуживме и овие два бода..и одиме напред.“ – додава Чупиќ.

Со победата во Охрид, Вардар останува единствениот тим со максимален учинок оваа сезона, уште еднаш потврдувајќи дека е главниот фаворит за титулата. Тимот на Чупиќ под притисок покажа карактер, ја доби дерби битката и продолжува самоуверено кон следните предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!