Ракомет

ВИДЕО: Пролет се врати на победите – убедлив триумф над Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Тинекс Пролет повторно се врати на победничките патеки, откако во рамки на 14. коло од Суперлигата славеше на гостувањето кај Радовиш со 23-30.

Тренерот Никола Матлиевски можеше да биде задоволен од прикажаната партија на неговите избраници, кои одиграа дисциплинирано и зрело во текот на целиот натпревар.

Радовиш го отвори мечот прилично слабо, дозволувајќи Пролет да стекне резултатска предност уште во раната фаза. До паузата домашниот тим успеа да стабилизира дел од играта, но на полувреме сепак замина со негатива од 10-15.

Во вториот дел Радовиш на моменти се обидуваше да фати резултатски приклучок, но поискусниот состав на Тинекс Пролет не дозволи никаков пресврт.

Гостите го контролираа темпото, ја задржаа високата ефикасност и рутински ги освоија двете значајни бодови.

По натпреварот, тренерот Никола Матлиевски во изјава за Спортска Мрежа ги сподели своите импресии, говорејќи не само за денешниот триумф во Радовиш, туку и за сите претстојни предизвици што го очекуваат клубот до крајот на полусезоната, односно до крајот на 2025 година.

За Радовиш најдобар стрелец со пет гола беше Здравко Постолов, за Пролет најдобри стрелци беа Давор Палевски со седум и Ласко Андоновски со шест реализации.

Во следното коло Радовиш ќе игра против Алкалоид во Автокоманда, а Пролет ќе биде домаќин на Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!