Во рамки на 6. коло од Третата фудбалска лига – Југозапад на мечот одигра на теренот во вештачка трева при СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, фудбалерот на Кравари, Темур Емини постигна еврогол во мрежата на Света Троица, меч кој заврши со по еден гол (1:1) и поделба на бодовите.
Во 75. минута од средбата при резултат од 0:0 фудбалерите на домашниот тим ја избиваа топката надвор од својот шеснаесетник, но истата стигна само до 31-годишниот Емини, кој одлично ја зафати топката и на атрактивен начин ја стресе мрежата домашниот голман Наум Таулоски, кој беше немоќен и немаше време ниту за најмала реакција.
- ЕВРОГОЛОТ НА ТЕМУР ЕМИНИ ПРОТИВ СВЕТА ТРОИЦА ВО ОХРИД: