Ракомет

„Рибари“ со силна мобилизација: Вардар го очекува „пекол“ – Охрид ќе има силна поддршка од трибините!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Утре се игра големото ракометно дерби од 14. коло на Суперлигата меѓу амбициозниот Охрид и непоразениот лидер Вардар во спортската сала „Билјанини Извори“.

Верните „рибари“ со силна мобилизација пред мечот, се организираат и бараат полна сала за силна поддршка на Охрид и „пеколна“ атмосферата за Вардар.

„Сабота сите на трибина, собир: Мини маркет, сабота (29. ноември) од 17 часот“, велат од НГ „Рибари“.

Алкалоид веќе „загуби глава“ во „пеколната“ охридска сала, сега Вардар доаѓа да ја почувствува таа атмосфера, а знаејќи колку Вардар се намачи на домашен терен против Охрид за двата бодови, сега „црвено-црните“ се максимално претпазливи за тоа свесни дека ги очекува тешко гостување.

Охрид е подготвен и сака да биде првиот тим кој ќе го „тресне“ Вардар, а пак двократниот европски шампион доаѓа да го „преплива“ Охридското Езеро и во Скопје да ги однесе бодовите.

Правда ќе делат браќата Методија и Михајло Илиевски како што веќе објави Спортска Мрежа, а делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчевски.

Дерби средбата меѓу Охрид и Вардар стартува во 19:30 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!