ФудбалЧетврта лига

Фудбалскиот терен во Злеово е преименуван во „Ване Трајанов“

Сподели
ФОТО: Фудбалскиот терен во село Злеово, радовишко
Сподели

Фудбалскиот клуб Слога од радовишкото село Злеово донесе значајна одлука – домашниот терен, кој со години беше познат под името „Гробље“, од денес го носи новото, симболично име – стадион „Ване Трајанов“.

Со ова, клубот оддава почест на својот поранешен фудбалер Ване Трајанов, кој беше дел од Слогa, а кој за жал прерано го загубил животот. Во знак на благодарност и сеќавање, управата одлучила да го овековечи неговиот лик и придонес преку новото име на стадионот.

Мане Рујков од ФК Слога во изјава за Спортска Мрежа открива дека идејата за преименувањето постоела подолг период.

„Идејата ја имавме подолг период, но денес со меѓусебна консултација беше донесена одлука да се преименува во „Ване Трајанов“, изјави Рујков.

Покрај преименувањето, клубот најавува и инфраструктурни промени. Како што открива Рујков за Спортска Мрежа, во текот на зимската пауза е планирана реконструкција на игралиштето, со цел Слога пролетниот дел од Општинската лига Струмица да го дочека со подобрени услови за тренинг и натпревари.

По шест одиграни кола, Слога од Злеово се наоѓа на четвртото место на табелата со 10 освоени бодови. Во недела тимот го очекува и последниот натпревар од есенскиот дел – на домашен терен против составот на Единство од Пиперово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!