Ракомет

ЕХФ им го довери дербито на колото на нашите ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Нашата најдобра ракометна судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, повторно се најдоа на листата на ЕХФ за елитни натпревари во Лигата на шампионите. Двајцата македонски арбитри, кои важат за едни од најискусните и најценетите во Европа, добија доверба да го водат последното овогодишно коло од најквалитетното клупско ракометно натпреварување.

Европската ракометна федерација ги објави судиските делигирања за 10. коло, а Николов и Начевски го добија најголемото дерби во групата Б – дуелот помеѓу актуелниот европски првак Магдебург и унгарскиот гигант ПИК Сегед. Станува збор за натпревар кој носи голема тежина во борбата за пласман на врвот, со оглед на тоа што и двата тима се меѓу фаворитите за продолжување во нокаут фазата.

Средбата ќе се одигра во Германија, на 4 декември, со почеток од 20:45 часот, а нашите судии ќе имаат уште една шанса да ја потврдат својата репутација на високо професионална и беспрекорно подготвена судиска двојка на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!