Претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, Илија Илиев – Ромата, денес оствари значајна работна средба со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, на која главна тема беше унапредувањето на фудбалот во регионот.
Средбата помина во конструктивна атмосфера, со акцент на тековните активности на сојузот, развојните проекти и плановите што во наредниот период треба да го подигнат квалитетот на фудбалските натпревари, младинските категории и спортската инфраструктура во Струмица.
ОФС Струмица ја потенцира сериозната заложба за создавање подобри услови за младите фудбалери, поддршка на локалните клубови и модернизација на спортските објекти, со цел градот да остане еден од водечките центри на македонскиот фудбал.
„Денес претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица оствари работна средба со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков. На средбата се разговараше за тековните активности, развојните проекти и идните планови за унапредување на фудбалот во Струмица и целиот регион. Посебен фокус беше ставен на создавање подобри услови за младите категории, модернизација на спортската инфраструктура и поддршка на локалните клубови. ОФС Струмица и Општина Струмица продолжуваат заеднички да работат на унапредување на спортот и подигнување на квалитетот на фудбалските натпревари во нашата општина“, се вели во соопштението од ОФС Струмица.