Втора лигаФудбал

Нема фудбал во Радовиш: Се одложува мечот меѓу Детонит Плачковица и Скопје

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Натпреварот од 15. коло на Втората лига меѓу Детонит Плачковица и Скопје кој беше закажан да се одигра в сабота со почеток од 13 часот, се одложува за среда (3 декември).

Причината за одложувањето на натпреварот е тоа што Градскиот стадион во Радовиш е под голема количина на вода, која не дозволува можност за одигрување на фудбалски натпревар.

Од таа причина натпреварот е одложен за 3. декември, а тогаш ќе се одиграат и двата претходно одложени натпревари, меѓу Големо Коњари и Охрид од 12. коло, а причината за одложување на овој меч беше поплавениот терен на прилепскиот второлигаш, како и мечот меѓу Тетекс и Кожуф.

Тоа значи дека конечното затварање на есенската полусезона во Втората лига ќе се случи на 3 декември кога ќе ги имаме конечниот изгледа на второлигашката табела.

Во многу наврати се случувало обилните врнежи од дожд во есента или пролетта да прават проблеми на фудбалските терени бидејќи голем дел од нив имаат проблем со дренажениот систем, па затоа на терените има голема количина на вода.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!